ФОТО: Ирачанец конечно стана татко на 72 години, сопругата помлада 40 години родила тројка

Фото: https://l.facebook.com/l.php?u=http%3A%2F%2Fwww.al-anbarhealthdirectorate-media.com

По цели пет децении и неверојатно трпение, 72-годишниот Ирачанец Хаџи Ибрахим Кудаир стана татко на тројка, во својот четврти брак, соопштија медицинските власти на ирачката провинција Анбар.

Сопругата на Кудаир, која е речиси 40 години помлада од него и има 33 години, родила три девојчиња, на кои им ги дале имињата Фатима, Мерјем и Асма.

-Само Господ, велам дека ако човек го изгуби трпението и надежта, тој го губи животот, затоа што Семоќниот Бог вели да се биде трпелив и дека Бог е со оние кои се трпеливи, изјави Кудаир за ирачките медиуми.

Иако мајката на тројката се породила прерано, во осмиот месец од бременоста, девојчињата и таа се во добра здравствена состојба, вели акушерот од болницата во Фалуџа.

-Нивната тежина во споредба со бебињата во осмиот месец од бременоста е прифатлива, вели Махасин Камал, акушер и гинеколог, додавајќи дека по раѓањето на бебињата „тие биле однесени во сала за предвремено породување“.

Во градот Фалуџа, кој беше тешко погоден од долготрајната војна која следеше по американската инвазија врз Ирак во 2003 година, се раѓаат невообичаено голем број близнаци и тројки, но Хаџи Ибрахим бил единствен на таа возраст што добил вакви принови.

-Имаме многу случаи на раѓање на близнаци (во Фалуџа). Се случуваат ситуации како раѓање на тројки и четворки, а често се случуваат и близнаци, но ситуацијата беше чудна поради возраста на нејзиниот сопруг, велат од болницата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот