
ФОТО | Холивудската ѕвезда ќе глуми во „Јужен ветар“: Милош Биковиќ откри кој ќе игра во продолжението
Режисерот Милош Аврамовиќ открил на својот инстаграм-профил дека во продолжението на серијата „Јужен ветaр“ ќе глуми холивудската ѕвезда Мајкл Медсен.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
„Добредојде во екипата“, напишал Аврамовиќ, кој би требало да се појави во вториот дел на „Јужен ветар“.
View this post on Instagram
Иако продуцентите долго ја криеаја оваа информација, но и српскиот актер Милош Биковиќ одлучи да ја сподели со фановите на овој крими трилер. Аврамовиќ истакнал дека актерот и продуцент Милош Биковиќ одиграл клучна улога во тоа да ја донесе холивудската ѕвезда во Србија.
Фото: Инстаграм/Милош Биковиќ
Медсен во филмската индустрија е присутен од почетокот на осумдесеттите години на минатиот век. Кариерата му се движеше од култни остварувања до големи блокбастери. Се прослави со улогите во филмовите „Улични кучиња“ и „Убиј го Бил 2“ на Квентин Тарантино, култниот „Телма и Луиз“ на Ридли Скот, „Дони Браско“ на Мајкл Нуел…
View this post on Instagram
Славниот актер неколкупати бил во Србија, а го примил и Ивица Дачиќ. Во Белград го снимал филмот „Српски лузни“ и го отворил Фест.
– Уживав додека го снимав тој филм, беше многу добро остварување и среќен сум што се вратив. Србија е прекрасна земја, луѓето се многу љубезни – рекол тогаш Медсен.
View this post on Instagram