ФОТО | Хју Џекмен со среќни вести: Немам рак, резултатите се негативни

Фото: Инстаграм/Хју Џекмен

Австралискиот актер Хју Џекмен објави среќна вест на социјалните медиуми, односно дека му пристигнале негативни резултати од направената биопсија по неговите сомневања дека повторно има рак на кожа.

„Резултатите од биопсијата се негативни! Ви благодарам на сите за љубовта која ми ја испраќате. Ја чувствувам!“, објави актерот.

Фото: Скриншот/Инстаграм

Хју Џекмен првпат беше дијагностициран со рак на кожа во 2013 година, кога шминкерката на сетот на филмот „X Men“ го предупредила дека има грутка на носот, па по сугестија на неговата сопруга решил да го испита. Оттогаш лекарите шестпати му отстраниле канцерогено ткиво.

Актерот повеќе пати ја нагласува важноста на средствата за заштита од сонце.

„Ве молам, ставајте крем за сончање со висок заштитен фактор. Без разлика колку и да сакате да се исончате, верувајте ми, не вреди ако потоа добиете рак. Нанесете крем за сончање и ве молам, бидете безбедни“, изјави тој во неговото неодамнешно излагање на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hugh Jackman (@thehughjackman)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот