Хејли Бибер - Фото: EPA/CAROLINE BREHMAN

ФОТО | Хејли Бибер во градник и гаќички: Го истакна нејзиниот совршено обликуван задник

Хејли Бибер, сопругата на Џастин Бибер, ги „запали“ социјалните мрежи откако објави фотографии на кои позира во долна облека и собра бројни комплименти.

Таа позираше во градник и гаќички додека снимаше нова кампања за нејзиниот козметички бренд „Rhode“, воодушевувајќи ги своите следбеници на Инстаграм.

„Толку си прекрасна“, „Беше совршена претходно, но твојот сјај по породувањето те направи уште поубава. Мајчинството толку многу ти стои“, „Опседната сум со тебе“, „Џастин е среќен човек“, се некои од коментарите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hailey Rhode Bieber (@haileybieber)

Таа го основа споменатиот бренд, кој вклучува производи за чистење на лице, лосиони, балсами за усни и руменила, во 2022 година, а во мај годинава компанијата „elf Beauty“ го купи за една милијарда долари.

Хејли и Џастин Бибер го добија својот син, Џек Блуз, во август минатата година. Таа првично ја криеше бременоста од фановите бидејќи сакаше да го зачува својот мир.

„Успеав да го чувам тоа од јавноста бидејќи мојот труднички стомак не беше видлив долго време. Всушност, немав стомак сè додека не бев во шестиот месец од бременоста, кога го објавив тоа. Носев широки јакни и слични работи“, рекла таа во интервју за списанието „W“.

Таа додаде дека веројатно можела да ја крие бременоста до крајот, но не сакала да биде под стрес бидејќи не можела отворено да ужива во бременоста.

„Се чувствував како да кријам голема тајна и тоа не беше добро. Сакав слобода да ја покажам и да го живеам својот живот“, рече таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот