ФОТО | Гранатиран облакодер во станбена населба во Киев, спасувачите бараат преживеани

Фото: Твитер

Службата за итни случаи на Киев објави слики од облакодер од станбениот дел на киевскиот кварт Шевченковски, кој утринава околу 6 часот беше погоден од руски проектили.

Се додава дека во нападот е оштетена и соседната деветкатница.

На местото на настанот се пожарникари, брза помош и други служби. Според првичните информации две лица се повредени, а 35 се евакуирани од зградата.

Пожарот бил изгаснат во 7:45 часот, спасувачите сега трагаат по преживеани.

Би-би-си пишува дека на социјалните мрежи се шират видеа од големи темни облаци кои се издигнуваат над градот.

Во Киев е на сила 35-часовен полициски час. Градските власти предупредија дека градот е во многу опасна ситуација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот