ФОТО | Ги споредил датумите на почетокот на светските војни и руската инвазија: Чудна формула!

украина
Фото: Принтскрин/Твитер

Претприемачот Патрик Бет-Дејвид по потекло од Иран, забележал страшна и необична сличност помеѓу датумот на почеток на Првата светска војна, Втората светска војна и почетокот на руската инвазија на Украина.

Патрик на својот твитер-профил напиша дека за него „сето ова е само една математичка формула“, која на крајот се обиде да ја разјасни.

Тој се осврна на 28 јули 1914 година, датумот кога Австроунгарија ѝ објавила војна на Србија, со што всушност започнала Првата светска војна. Со собирање на 7, 28, 19 и 14 резултатот бил 68. Потоа го запишал датумот на почетокот на Втората светска војна, 1 септември 1939 година и повторно со собирање дошол до бројот 68.

Конечно, тој се осврна и на руската инвазија на Украина, која започна на 24 февруари 2022 година. Исто така, со собирање на броевите 2 (се однесува на вториот месец), 24, 20 и 22 тој го добил збирот од 68.

Неговото необично откритие заинтригира многу твитерџии

„Бројот 68 се користи еднаш во Библијата. Зборовите царство и битка се користат 68 пати во Библијата“, одговори едно лице на неговата објавата.

„Светот се одвива во математички модели. Ја гледам поентата во тоа што го споделивте“, „Значи ли тоа нешто? Веројатно не. Но сепак е интересно“, напишаа други.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот