ФОТО: Двајца Македонци во тимот на колото по првите баражи за СП 2022!

Македонија е на еден чекор од пласман на Светското првенство во Катар/Фото: EPA-EFE/CARMELO IMBESI

Нашите најдобри фудбалери по триумфот над Италија, сега веќе се фокусираат кон натпреварот со Португалија, финалето за пласман на Светското првенство во Катар.

Македонската А репрезентација никогаш не била толку блиску до учество на Мундијал, избраниците на селекторот Благоја Милевски имаат историска шанса.

Италијанците ја имаа фаворитската улога, но истата не ја оправдаа, во финишот стигна казната со голот на Александар Трајковски во 92 минута на стадионот во Палермо.

Нашите дефанзивци имаа многу работа во текот на мечот, на крајот половина од ударите на противникот беа блокирани, што значи дека одлично се браневме.

Еден од нив беше Висар Муслиу со оценка 8,04 кој во изборот на порталот „WhoScored“ се најде во тимот на колото по завршувањето на полуфиналните дуели во баражот за СП. Тука е и голманот Столе Димитриевски кој придонесе со своите одбрани и доби оценка 7,52.

Столе Димитриевски и Висар Муслиу во тимот на колото/Фото: twitter.com/WhoScored

Во одбраната покрај Муслиу, се наоѓаат уште Швеѓанецот Даниелсон, и Велшаните Родон и Вилијамс. Потоа, во средниот ред Отавио (Португалија), Соучек (Чешка) и Верати (Италија), а во нападот Бејл (Велс), Сабицер (Австрија) и Исак (Шведска).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот