ФОТО | Домашна задача на еден ученик: „Мајка ми се вика Марија и најмногу сака џин – тоник“

Децата се секогаш искрени, а тоа може да се види и во една домашна задача што се рашири на социјалните мрежи пред извесно време.

Ова не е прва домашна задачата во која детето го опишува својот родител, а притоа истата да предизвика лавина реакции благодарение на детската наивност и искреност.

Една од нив, се истакна меѓу бројните домашни задачи на многу деца. Не е познато кој ја напишал, но се знае дека темата на задачата била секој да ја опише својата мајка. Едно детенце го стори тоа на прилично оригинален начин, а по ракописот може да се забележи дека се работи за млад ученик.

„Мајка ми се вика Марија. Таа има долга коса. Очите и се црни“, пишува на почетокот на оваа домашна задача.

Сепак, во ова концизно дело, малото дете го открива и омилениот пијалак на неговата мајка.

„Мајка ми најмногу сака џин – тоник“, заклучува непознатиот автор.

Под објавата на Твитер се редеа бројни хумористични коментари од корисниците на оваа мрежа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот