ФОТО: Дали Ангеловски веќе најде нови македонски репрезентативци?

Фото: facebook.com/FudbalskaReprezentacija

Во тек е мини тренинг кампот кој го организира селекторот на македонската А репрезентација, Игор Ангеловски во потрага по нови играчи кои би можеле во иднина да го носат исто така националниот дрес.

Овој тренинг кампот се одржува на Тренинг центарот „Петар Милошевски“ – Скопје, самите фудбалери од поширокиот список на Ангеловски го потврдуваат квалитетот и потенцијалот за евентуално место во најдобрата селекција. Потсетување дека в среда од 14.00 часот ќе се одигра контролен натпревар против Работнички.

Има уште доста време до Европското првенство, во меѓувреме „црвено-жолтите“ како што е веќе познато ќе ги почнат квалификациите за Светското првенство 2022 во Катар.

Отвораме на 25 март во Романија, првиот домашен меч е против Лихтенштајн на 28 март од 20.45 часот, а на 31 март гостуваме кај првиот фаворит во групата „Ј“, репрезентацијата на Германија.

Фото: facebook.com/FudbalskaReprezentacija
Фото: facebook.com/FudbalskaReprezentacija

 

Фото: facebook.com/FudbalskaReprezentacija
Фото: facebook.com/FudbalskaReprezentacija

Голмани: Ристо Јанков (Работнички), Костадин Захов (Шкендија);

Одбрана: Филип Најдовски (Тирана, Албанија), Томе Китановски (Македонија Ѓ.П.), Коста Манев (Академија Пандев), Есмин Личина (Македонија Ѓ.П.), Фатих Исмаили (Шкупи), Блертон Шеји (Струга Трим Љум), Ангелче Тимовски (Силекс);

Среден ред: Енур Тотре (Шкендија), Ѓорги Стоилов (Академија Пандев), Марјан Радески (Академија Пандев), Матеј Цветановски (Шкупи), Агон Елези (Вараждин), Али Адем (Шкупи), Лука Станковски (Работнички); Стефан Ашковски (Ботошани, Романија).

Напад: Марко Ѓорѓиевски (Раднички Пирот, Србија), Џемал Ибиши (Дубрава, Хрватска), Дашмир Елези (Шкендија), Љупчо Дориев (Шкендија)

– Нашата намера е евентуално да го дополниме главниот репрезентативен список со имиња на фудбалери кои ќе остават силен впечаток на тренинг кампот и на контролниот натпревар против Работнички. Се надевам дека овој тренинг камп ќе биде од корист за сите – вели Ангеловски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот