ФОТО | Благица Павловска хоспитализирана на траумотологија: Пејачката се огласи по операцијата

Фото: Принтскрин - Инстаграм

Нашата позната пејачка на народна музика Благица Хаџи Павловска или попозната само како Благица Павловска на својот фејсбук – профил објави фотографија од Градската болница „8-ми Септември“.

Пејачката пред неколку дена била итно хоспитализирана поради сериозна повреда на раката поради која била направена итна хируршка интервенција.

„Најголема благодарност за успешната операција на десната рака и третманот на високо ниво на доктор Христов и доктор Талевски. Благодарност и на мојот животен ангел чувар доктор Вики Толевска. Од срце ви посакувам долг живот и многу успешни операции и насмеани лица. Голем поздрав до сите доктори на траумотологија кои секогаш се спреми да спасат човечки живот“, напиша Благица во описот на фотографијата.

Фановите и посакаа побрзо оздравување, а според фотографијата пејачката  изгледа дека брзо се опоравува

ФОТО | Благица Павловска го прослави 63 -тиот роденден: Пет торти со икони, една со нејзиниот лик и интимна прослава со многу музика

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот