ФОТО | Бјелогрлиќ реагираше на споредбата: „60 години на Балканот и во Холивуд“

Фото: Instagram/ Profimedia

Фотографиите на младоликиот Бред Пит (59), кој минатата недела од трибините го следеше финалето на Вимблдон неодамна го обиколија светот, а поради одличниот изглед доби бројни комплименти.

Не требаше многу време, па корисниците на социјалните медиуми на Балканот, почнаа да се шегуваат за изгледот на холивудската ѕвезда и српскиот актер и режисер Драган Бјелогрлиќ, кој исто така има 59 години.

„60 години на Балканот и во Холивуд“, пишува во описот со фото-колажот.

Преку објавата на Твитер, беа споредени фотографиите на Драган Бјелогрлиќ и Бред Пит. Шегата ја прифати и самиот Драган, па набрзо по објавата изреагира и колажот со фотографии го сподели на својот Инстаграм профил.

Фото: Instagram/ draganbjelogrlicbjela

„Гледам дека ова е хит„ кратко напиша актерот.

Да потсетиме, Бјелогрлиќ е најпознат како режисер на филмовите „Монтевидео, Бог те видео“, „Монтевидео, видимо се!“ и „Сенки над Балканот“, но и за улогите во сериите „Бољи живот“ и „Семејно богатство“. Неговиот последен успех беше филмот „Тома“, за животот и делото на пејачот Тома Здравковиќ од 2021 година, според кој моментално се снима истоимената серија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот