
ФОТО | Бастијан Швајнштајгер се расплака пред жената за која се шпекулираше дека е негова љубовница: Ја нарекуваа уништувачка на бракови
Поранешниот фудбалер Бастијан Швајнштајгер не можеше да ги скрие своите емоции пред Естер Сеџлачек, водителка и спортска новинарка за која се шпекулираше дека е негова љубовница. Бастијан, кој неодамна се разведе од српската тенисерка Ана Ивановиќ, присуствуваше на гала вечера одржана во Музејот на германскиот фудбал во Дортмунд.
Препорачано

Истата вечер, тој беше примен во Германската фудбалска куќа на славните, заедно со Хорст Хрубеш, Ото Рехагел, Јуп Хајнкес, Гидо Бухвалд и Берт Траутман, кој беше примен постхумно. Церемонијата ја водела Естер, која веќе го добила прекарот „уништувачка на бракови“ на почетокот на својата кариера поради нејзината наводна афера со Бастијан.
Бастијан покажа виор од емоции на сцената – од искрена смеа до солзи откако доби порака од Филип Лам, негов поранешен соиграч.
„Бастијан порано беше вистински палав човек, но со текот на годините израсна во стабилна личност со која целиот германски фудбал може да се идентификува“, рече Лам, што го натера Швајнштајгер едвај да ги задржи солзите.
Сепак, некои се прашуваа дали неговите солзи се поврзани и со бурниот љубовен живот што го има зад себе, особено затоа што на сцената беше жената која беше во центарот на скандалот со него.
Инаку, Бастијан беше во брак со Ана од 2016 година, а заедно имаат три деца – синовите Лука , Леон и Тео.
До неодамна, на сите им се чинеше дека се во хармоничен брак, но потоа се појавија гласини за проблеми во бракот. Најпрво се пишуваше дека Швајнштајгер е во врска со Сеџлачек, кој исто така е во брак и има две деца. Сепак, јавноста набрзо дозна дека Бастијан е во врска со друга жена – Бугарката Силва Капетанов. Тој и поранешната инфлуенсерка беа фотографирани заедно во Грција, разменувајќи бакнежи и уживајќи на плажа. На фотографиите што се проширија на социјалните мрежи, тие изгледаа заљубено и опуштено, што им покажа на многумина дека повеќе нема да ја кријат својата врска.
До денес, Ана не коментирала за разводот или за новата врска на нејзиниот поранешен сопруг, а јасно им покажала на своите следбеници на што се фокусирала по раскинувањето – на своите деца, работата и животот во Белград.