ФОТО | Археолозите откриваат: Пронајден најстариот артефакт во форма на пенис

Фото: Twitter/ Solange Rigaud

Луѓето можеби се кителе со приврзоци во форма на пенис, илјадници години пред Римјаните и Грците. Пронајдениот артефакт, изработен пред околу 42.000 години, е изрезбан во форма што изгледа како пенис, пишува „Лајв саенс“ (Live science).

Во новата студија, археологот Соланж Риго од Универзитетот во Бордо и нејзините колеги, велат дека сѐ е во деталите. За нив, каменото парче од 4,3 сантиметри е „најраната позната полова антропоморфна претстава“.

Фото: Twitter/ Solange Rigaud

Инаку, приврзокот бил откопан во 2016 година на локацијата наречена Толбор, во Монголија. Датирањето на органскиот материјал со јаглен, покажало дека артефактот е стар помеѓу 42.400 и 41.900 години.

Фото: Twitter/ Solange Rigaud

На самиот приврзок има два жлебови, направени од шилеста камена алатка. Најдлабокиот жлеб е изрезбан околу средината на приврзокот, додека другиот жлеб се протега кратко и длабоко од врвот на приврзокот, па надолу.

Фото: Twitter/ Solange Rigaud

Најсилниот аргумент на археологот Соланж, дека овој приврзок е со форма на пенис, се карактеристиките на кои се фокусирале при неговата изработка. Археолозите велат дека првиот засек бил дизајниран да ја прикаже формата на пенисот, додека вториот засек бил издлабен да изгледа како отвор на уретра.

Овој артефакт не е јасно препознатлив, но доколку поставените тези на археолозите се точни и се потврдат, ова би можело да биде најраниот пронајден симбол за машки гениталии.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот