ФОТО: Антиизраелски билборд во Техеран по нападот на Иран врз Израел

Фото: EPA-EFE/ABEDIN TAHERKENAREH

По синоќешниот напад на Иран врз Израел, во главниот град на Иран, Техеран беше поставен билборд со порака „Следниот шамар ќе биде посилен“.

Фото: EPA-EFE/ABEDIN TAHERKENAREH

Портпаролот на израелската војска Даниел Хагари утрово изјави дека биле истрелани повеќе од 300 беспилотни летала и проектили, но 99 отсто од нив биле пресретнати.

Фото: EPA-EFE/ABEDIN TAHERKENAREH

Хагари рече дека Иран истрелал 170 беспилотни летала, повеќе од 30 крстосувачки ракети и повеќе од 120 балистички ракети, но само неколку балистички проектили стигнале до израелска територија, предизвикувајќи мала штета на воздушната база.

Фото: EPA-EFE/ABEDIN TAHERKENAREH

Иран синоќа лансираше стотици беспилотни како одмазда за нападот врз иранскиот конзулат во Дамаск, во кој загинаа командантот на Револуционерната гарда во Сирија и Либан, Мохамад Реза Захеди и неговиот заменик, како и пет офицерите кои ги придружувале.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот