ФОТО: Ансу Фати посакува да игра во Лигата на шампионите со Брајтон

фото: EPA-EFE/Toni Albir

Летово Ансу Фати одлучи да замине на позајмица од Барселона во Англија, поточно во редовите на премиерлигашот Брајтон до 30 јуни 2024 година.

Младиот 20-годишен напаѓач кој веќе се докажа на меѓународната сцена во дресот на каталонскиот гигант, ги сподели амбициите за новата сезона во Брајтон каде се надева дека ќе оствари големи резултати.

– Сакам да имам навистина одлична сезона во Брајтон, да се борам за тимот, да се обидеме да се квалификуваме за Европа како лани. Доколку успееме да се пласираме во Лигата на шампионите, тоа би било уште подобро – вели Фати.

Минатата сезона во Премиер лигата, Брајтон ја освои шестата позиција и обезбеди место во Лига Европа каде ќе игра во група со Ајакс, Марсеј и АЕК Атина.

Доколку Брајтон успее да стигне до групите на ЛШ, и покрај конкуренцијата од поголемите клубови како Манчестер сити, Манчестер јунајтед, Ливерпул, Арсенал, Тотенхем, Челси, тоа ќе се смета за најголемото достигнување во историјата на клубот и може да биде доволно за да се убеди Ансу Фати да остане подолго во англиската екипа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот