ФОТО | Aктерката од „Harry Potter“ на 82 години позираше гола за „Вог“

Фото: Принтскрин/ Инстаграм/ britishvogue

Британската ѕвезда Миријам Марголес позираше гола за британскиот „Вог“. 82-годишната актерка ќе се појави на насловната страница на јулското издание на списанието посветено на ЛГБТ+ заедницата.

Актерката, позната по улогата на професорката Спру во франшизата „Harry Potter“, позираше гола со трпеза полна со печива пред неа.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм/ britishvogue

Но, и покрај смелите фотографии, актерката призна дека се бори со тоа да го прифати својот изглед.

„Го сакам моето лице. Мислам дека делувам топло, отворено и насмеано. Но, го мразам своето тело. Мразам големи гради и мрзлив стомак, мали криви нозе. Не сум воодушевена од тоа. Но, треба да го извлечете најдоброто од тоа. Морате да направите најдобро што можете“, изјавила таа.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм/ britishvogue

Заедно со британската актерка, во изданието на списанието посветено на месецот на гордоста ќе има и други ЛГБТ+ ѕвезди, меѓу кои, актерот Нкути Гатва, американската актерка и пејачка Жанел Моне и британската актерка Бела Ремзи.

Актерката откри и дека наскоро ќе оди на операција на срцето, додавајќи дека не се плаши од интервенцијата.

„Кога си млад, никогаш не размислуваш за смртта. Размислуваш само за тоа кого ќе зафркнеш. Многу размислувам за смртта. Секој ден. Кога ќе се разбудам, си помислувам ‘Хм, нов ден.’ Можеби не очекував дека ќе го дочекам“, изјавила Марголес.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм/ britishvogue

Британската ѕвезда се осврнала и на моментот кога им признала на родителите дека е геј. Таа откри дека тоа многу ги повредило и дека нејзината мајка ја натерала да се заколне дека никогаш повеќе нема да спие со жена.

Инаку, актерката отворено признала дека е геј во 1966 година. Марголес изјавила дека никогаш не се срамела што е геј.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот