Формирана Комисија за стручен надзор во врска со случајот со родилката која скокна од првиот кат на Гинекологија

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

На барање на министерот за здравство, Фатмир Меџити денеска е формирана Комисија за стручен надзор во врска со случајот со родилката од Скопје која во неделата се фрли од првиот спрат на Гинекологија. Државниот санитарен и здравствен инспекторат вчера го заврши вонредниот инспекциски надзор, а од ГАК велат пациентката покажала само знаци на лесна вознемиреност.

Комисијата за стручен надзор, составена од двајца гинеколози, психијатар, клинички психолог и претставник од МЗ има задача да изврши надозр над стручната работа во ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство во врска со лекарскиот третман на родилката. По добивање на извештајот од стручен надзор јавноста ќе биде информирана за констатираната состојба – се наведува во соопштението од Министерството.

Исто така, од Министерството додаваат дека ќе бидат преземени соодветни мерки согласно извештајот на ДСЗИ.

ГАК – Скопје за случајот со обидот за самоубиство на родилката: Пациентката покажала само знаци на лесна вознемиреност

Триесет и деветгодишната родилка, во неделата скокнала од првиот кат на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје. На прес-конференција директорката на ГАК, д-р Викторија Јовановска информираше дека родилката е во критична состојба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот