ФК Шкупи: Зошто Град Скопје не одвои финансиска помош за нашиот клуб?

фото: fcshkupi.com

Непосредно пред завршувањето на 2023 година фудбалскиот клуб Вардар објави дека ја доби потребната финансиска помош од Град Скопје.

Ваквата вест за помагање на фудбалските клубови во Скопје, фудбалскиот клуб Шкупи ја прими со големо задоволство.

Но, клубот од Чаир е изненаден зошто Град Скопје не виде соодветно да одвои финансиски средства за клубот кој во последните пет години најдобро го претставува градот во европски натпреварувања.

Во продолжение целото соопштение на фудбалскиот клуб Шкупи:

Ја добивме веста дека Градот Скопје нуди финансиска помош за фудбалските клубови во Скопје и оваа вест ја примивме со големо задоволство и го цениме фактот што Град Скопје ги помага и поддржува клубовите кои го претставуваат градот, придонесувајќи за културниот развој. Но, она што нè загрижи и не ни е јасно е фактот дека ФК Шкупи е тимот кој во последните пет години најдобро го претставува градот во европските натпреварувања.

И покрај тоа што сме клуб кој ја претставува државата, а не само градот, изненадени сме зошто Градот Скопје не виде соодветно да одвои финансиски средства за нашиот клуб. Прашуваме дали тие што ја донеле оваа одлука не го гледаат ФК Шкупи како дел од градот Скопје или како фудбалски клуб на Северна Македонија?

Ваквиот однос на Град Скопје кон граѓаните на Чаир и воопшто кон нашиот клуб го сметаме за доста дискриминаторски. Можеби ФК Шкупи нема политичка поддршка, но сите треба да знаат дека ФК Шкупи никогаш не се откажува од своите цели и е клуб кој може да опстане сам. Сепак, сакаме да им порачаме на оние кои ја донеле оваа одлука дека треба што поскоро да ги поправат своите грешки. Оваа дискриминација носи само штета за сите и нема корист. Сите кои се вклучени во оваа одлука се одговорни за оваа дискриминација – објавија од ФК Шкупи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот