Филипче: Да не дозволиме здравствениот систем да не е во состојба да му овозможи нега на секого

Венко Филипче / Скопје, 29 јуни 2020 / Фото: Драган Митрески - Слободен печат.

Бројката на заболени и хоспитализирани поради ковид-19 расте. Не смееме да дозволиме нашиот здравствен систем да не е во состојба да му овозможи нега секому кому е тоа потребно затоа што капацитетите се искористени, порача вечерва министерот за здравство Венко Филипче во објава на социјалната мрежа Фејсбук.

Почитувањето на мерките, носењето маска и држењето дистанца остануваат најдобри начини сите да помогнеме тоа да не се случи, истакнува Филипче, по објавата на најновата статистика според која во последните 24 часа се направени 2441 тестирања, а регистрирани се 445 нови случаи на ковид-19 во државава.

Црн рекорд: Нови 445 случаи на коронавирус, девет лица починаа, 194 се оздравени

Во одделна објава на ФБ министерот за здравство упати сочувство до семејството на доктор Трајче Нешковски, специјалист интернист од Клиниката за пулмоалергологија, кој денеска загина во сообраќајна несреќа.

– Денеска изгубивме другар и доктор кој целосно се даваше за грижа и третман на нашите пациенти, родители, роднини, пријатели. Тој даде сѐ од себе во битката со коронавирусот грижејќи се за пациентите. Тој е мојот колега на кој засекогаш ќе бидам горд! Сочувство до семејството. Трајче почивај во мир, лесна ти земја!, наведе Филипче.

Почина поранешниот секретар на СДММ, докторот Трајче Нешковски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот