Стариот и новиот Mакедонски пасош/Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Филип Андов-Сокол и другите осомничени останаа без пасоши и со забрана за напуштање на домовите

Поранешниот директор на затворот „Шутка“, Филип Андов-Сокол и за другите осомничени судот денес определи мерки на претпазливост по акцијата спроведена вчера.

„Мерките вклучуваат забрана за напуштање на живеалиштето, односно престојувалиштето, обврска на осомничените да се јавуваат повремено на определено службено лице во судот, привремено одземање патна или друга исправа за преминување на државната граница, забрана за приближување или воспоставување, односно одржување контакти или врски со определени лица – осомничените во оваа постапка, како и забрана за преземање определени работни активности, а кои се поврзани со кривичното дело. Против овие решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет“, велат од Судот.

Против овие решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет.

Вчера под раководство на јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по Наредба на судија на претходна постапка полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран криминал и корупција при МВР извршија претреси на низа локации низ Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот