Ферстапен: Во животот има многу поважни работи, нема да возам на 35 години

Сузука, Јапонија/09 Октомври/фото: EPA-EFE/FRANCK ROBICHON

Макс Ферстапен во неделата стана шампион во Формула 1, тоа беше негова втора титула во низа.

Ферстапен има само 25 години и пред него како што стојат работите претстојат уште победи, веројатно и нови титули. Договорот на Ферстапен со Ред Бул е до 2028 година и значи дека сигурно ќе вози во Формула 1 до 2028 година.

За новинарите сега тој откри дека не се замислува себеси во овој спорт во четвртата деценија од животот, бидејќи според него има и поважни работи.

„Не ме интересираат многу титули и рекорди. Сигурно ќе се тркам до 2028 година, потоа ќе видам дали понатаму ќе возам. Искрено не се гледам себеси во Формула 1 на 35 години. Во животот има многу поинтересни и подобри работи од Ф1, не сакам постојано да сум некаде на пат, сакам и да сум дома. Честите патувања и отсуства знаат да бидат многу болни“, изјави Холанѓанецот.

Само за според, Фернандо Алонсо вози во Ф1 и на 42 години, а по тој пат оди и Луис Хамилтон кој ќе наполни 38 и засега порачува дека нема намера да се пензионира.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот