Федерер се откажа од Олимписките игри во Токио

EPA-EFE/NEIL HALL

Швајцарскиот тенисер Рожер Федерер објави дека нема да учествува на Олимписките игри во Токио поради проблемите со коленото.

– За време на сезоната на трева, за жал имв мали проблеми со коленото и морам да се повлечам од Олимлиските игри во Токио. Разочаран сум бидејќи отсекогаш ми претставувало чест да ја претставувам својата држава. Но, започнав со процесот на рехабилитација и се надевам дека ќе се вратам на терените кон крајот на летото. На целиот олимписки тим на Швајцарија му посакувам многу среќа, ќе навивам за вас – порача Федерер.

Федерер досега четири пати учествуваше на Олимписките игри, а во 2008 година заедно со Станислас Вавринка го освоија златниот медал во двојки. Во поединечна конкуренција, Федерер има сребрен медал од Олимписките игри во 2012 година година во Лондон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот