Фатална несреќа во рудник во Казахстан, најмалку 16 мртви

Рудник / Фото EPA-EFE/Brais Lorenzo

Шеснаесет рудари загинаа во несреќа во рудникот Костенко во Караганд, Казахстан, изјави шефот на администрацијата на регионот Караганда во Казахстан, Ермаганбет Булекпаев.

-Во рудникот денеска беше предизвикан пожар, кој, на наше големо жалење, доведе до смрт на 16 лица, а 18 лица се пренесени во болница со различен степен на повреди, напиша шефот на регионот на својата Фејсбук страница.

Тој прецизира дека на местото на несреќата има 40 спасувачи и 10 единици опрема.
Засега се водат како исчезнати 31 други рудари.

Претходно прес-службата на компанијата Арселормитал Темиртау, што е оператор на рудникот, информираше дека во моментот на несреќата имало 252 лица. На површина излегоа 205 рудари. Се претпоставува дека дошло до експлозија на гас метан.

Казахстанскиот претседател Касим-Жомарт Токаев и нареди на својата влада денеска „да стави крај на инвестициската соработка“ со глобалниот челичен гигант Арселор Митал, по уште една фатална несреќа во еден од рудниците на групацијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот