Фармацевт: Ова е најголемата грешка што ја правиме кога сме настинати

Фото Профимедиа

Дојде сезоната на настинки, а симптомите упорно го нарушуваат нашето секојдневие. При првиот знак на настинка, речиси сите трчаат во аптека, а според фармацевтите, токму тоа е најголемата грешка што можеме да ја направиме.

Во повеќето случаи, лекувањето на своја рака предизвикува повеќе штета отколку корист, предупреди фармацевтот Абас Канани.

Повеќето луѓе, веќе при првата појава на симптомите на настинка одат во аптека по лек. Меѓутоа, ова е огромна грешка бидејќи нема никаква врска дали веднаш ќе започнете со лекување или дури кога симптомите ќе станат поинтензивни. Резултатите се исти, настинката едноставно мора да помине сама по себе“, објаснил фармацевтот.

Поточно, поентата е дека лековите не лекуваат настинка. Тие само ги ублажуваат симптомите што ги имате.

„Нема голема разлика кога ќе почнете да земате лекови против настинка бидејќи тие немаат ефект врз природата на самиот вирус, кој ќе напредува без разлика дали ги земате или не. Сите тие се само симптоматско олеснување“, рекол Канани и додал дека класичната настинка во просек трае до 10 дена.

Уште една од најчестите грешки е употребата на стари антибиотици. Тие, исто така, не можат да помогнат во лекувањето на настинката, а дополнително, опасно може да биде и земањето антибиотици кои сте ги користеле за минатите лекувања, пренесува City Magazine.

„Повеќето настинки се предизвикани од вируси, а не од бактерии, така што апсолутно нема потреба од земање антибиотици, но некои луѓе сепак одлучуваат да земаат антибиотици кои им останале од порано. Не правете го тоа. Тоа е само настинка, само вирусна инфекција, ќе помине“, објасни фармацевтот.

Тој предупредил и на недоволно внесување течности.

„Хидратацијата и правилната исхрана се исклучително важни за вашето здравје, а особено се важни кога сте настинати. Дехидратацијата само уште повеќе ќе ве оптовари бидејќи вашето тело мора да работи многу понапорно кога не е хидрирано. Затоа, погрижете се да пиете доволно течности. Исто така, внимавајте на внесот на храна, бидејќи иако можеби имате послаб апетит кога сте болни, ни случајно не прескокнувајте ги оброците бидејќи на тој начин само ќе се чувствувате полошо“, рекол Канани.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот