
Фановите изненадени: Што се случило сега со лицето на Никол Кидман?
Никол Кидман е едно од најпрепознатливите холивудски лица, освен кога ќе објави фотографија на Инстаграм.
Препорачано
Имено, Никол позираше со режисерката на серијата на Амазон „Expats“ Лулу Ванг, но на фановите на 54-годишната актерка не им е јасно што точно сега се случува со нејзиното лице.
Секако, нејзиниот заштитен знак, мазната порцеланска кожа сè уште е таму, но нејзиното лице изгледа надуено и затегнато. Никол прво тврдеше дека здравиот живот е одговорен за нејзиниот совршен тен. Тогаш таа негираше дека некогаш била подложена на козметички зафати.
View this post on Instagram
„Да бидам искрена, јас сум целосно природна. Носам крема за сончање и не пушам. Се грижам за себе. Со гордост можам да го кажам тоа”, изјави таа во една прилика.
Четири години подоцна, таа призна дека сепак отишла на ботокс.
„Пробав многу работи, но освен спортот и здравата исхрана, повеќето од нив не прават значајна разлика“, изјави таа во интервјуто за германскиот магазин „TV Movie“
„Пробав и ботокс, но не ми се допадна како изгледаше моето лице по него. Сега не го користам и конечно можам да го мрдам челото“, изјави таа.
View this post on Instagram
Никол моментално ја снима драмата „Expats“ на Амазон, базирана на романот на Џенис У.К. Ли. Со снимањето во Хонг Конг започна во август минатата година, кога во таа земја важеа силни мерки против ширењето на коронавирусот. Властите потоа објавија дека на Кидман и било дозволено да избегне карантин за да може да започне со снимање. Сепак, таа морала да се вакцинира, да не го напушта сместувањето, редовно да се тестира и да ги известува надлежните за нејзините деловни контакти.