
Факултетите, судовите и затворите поради долгови, можат да останат без струја
Поради големи долгови и факултетите, судовите, зоолошката градина, затворите може да останат без струја, објави ТВ Телма.
Препорачано
ЕВН од утре ќе испорачува известување за исклучување и до овие инситуции. Претходно ваков документ добија Клинички и Железници, дека за помалку од две недели можат да останат без електрична енергија.
Како што пишува Телма министерот за финансии Бесими ќе проба да најде пари за барем да го намали долгот од околу 7 милони и Клинички да се спаси од мрак.
Во меѓувреме се токмат нови милионски набавки на струја.Од утре продолжува купувањето на електрична енергија.За само три дена за нешто над 10.000 мегават часови ќе се потрошат над 4 милиони евра.
Од опозициската Алијанса за Албанците реагираа дека е критично снабдувањето со струја, а дел од енергетските капацитети се најчесто надвор од функција.
„Од податоците објавени и обработени од секторот за економија при Алијанса за Албанците, само за месец ноември 2022 година, во отсуство на производство од енергетски капацитети во земјава, преку јавни набавки увезени се 87.000 KWh електрична енергија од добавувачи кои работат во пазарот на енергетиката, сума за која од државниот буџет се издвоени над 20 милиони евра“, стои во соопштението на Алијансата за Албанците.
Оттаму обвинија дека во најголем број случаи работаат само два блока на РЕК Битола додека РЕК „Осломеј” најчесто е надвор од функција поради поправка или избегнување на дефекти.
Од АД ЕСМ информираат дека во изминатиот период во ТЕЦ „Осломеј“ се вршеле неопходните ремонтни активности, како и други помали зафати, се со цел, како што велат, во текот на грејната сезона да имаме сигурна работа на термоелектраната.