ФА куп: Алиоски и Лидс елиминирани од Арсенал! (ВИДЕО)

фото: твитер

После ова испаѓање од натпреварувањето, фудбалерите на менаџерот Биелса сега можат комплетно да се фокусираат на обврските во Чемпионшип.

„Топчиите“ предводени од менаџерот Микел Артета на својот „Емирати“ стадион успеаја со 1:0 да го совладаат Лидс во рамките од третата рунда на ФА купот.

Гостите водеа рамноправна борба особено во првото полувреме. После обидот на Бамфорд кој ја погоди пречката, се редеа шансите на Лидс кој беше поблиску до погодок, со вкупно 15 удари, но мрежата на домаќините мируваше.

Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски беше стартер, имаше и убава шанса во првото полувреме, но топката заврши само покрај голот. Нашиот играч настапи до 61. минута кога беше заменет од Португалецот Хелдер Кошта.

Арсенал во вториот дел одигра многу подобро, а таа добра игра ја круниса со гол во 55. минута. Иако доста среќно, Рајс Нелсон најдобро се снајде и ја затресе мрежата за радост кај неговите соиграчи и навивачи.

После ваквата елиминација фудбалерите на менаџерот Биелса можат комплетно да се фокусираат на обврските во Чемпионшип преку кој ќе се обидат да се вратат во Премиер лигата.

Моментно во Чемпионшип екипата на Лидс после 26. кола се наоѓа на првото место со 52 бодови, колку што има и второпласираниот состав на Вест Бромвич.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот