Ф1, Кристијан Хорнер: Не очекував Верстапен да победи во Белгија

EPA-EFE/SIMON BAKER

Шефот на Ред бул смета дека еден-два победата на ГН на Белгија е едно од најголемите остварувања на неговиот тим воопшто

Шефот на тимот на Ред бул, Кристијан Хорнер, беше воодушевен по убедливата победа на Макс Верстапен на белгиското ГП во 2022 година. Хорнер мисли дека победата заедно со најбрзиот круг и вкупниот резултат го направија минатиот викенд еден од најдобрите за неговиот тим.

Покрај тоа што тврдеше дека не очекувал оти Верстапен ќе победи на трката, Хорнер беше изненаден што двоецот Вестапен – Серхио Перез успеал да постигне еден-два победа. Говорејќи за Скај спорт, тој рече:

– Мислам дека тоа е еден од нашите најголеми тимски уепеси Никогаш не очекував дека Макс ќе победи на таа трка и особено ќе дојде толку брзо во водство со Перез зад него. Исто така, најбрз круг, резултат еден-два, не можеше да биде подобро за нас денеска – вели Хорнер.

Коментирајќи го целокупниот тркачки викенд во Белгија, првиот човек на Ред бул рече:

– Тоа беше еден од оние викенди каде што бевме максимално задоволни со нашиот автомобил и сè функционираше прекрасно. Тоа беше неверојатен перформанс.

Верстапен стартуваше од 14. место во поредокот на почетокот на трката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот