Европската Унија со порака до Србија и Косово

Европска унија /Фото: Миа

Европската Унија од лидерите на Западен Балкан очекува да се воздржат изјави кои се штетни за добрососедството и помирувањето.

Портпаролот на ЕУ, Питер Стано, на новинарско прашање за изјавите на министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ.

„На сите претставници на земјите кои се стремат да влезат во ЕУ мора да им биде јасно дека тие мора да ги исполнат своите обврски за зајакнување на добрососедските односи и регионалната соработка. Политичките лидери треба да бидат пример со тоа што ќе изберат да работат заедно и да не даваат изјави што одат спротивно“, изјави гласноговорникот на ЕУ.

Претходно српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ даде неколку изјави за според кои тој Косово сè уште го смета како закана за Србите кои ги откриваат локациите на Албанците кои се закопани на територијата на Србија.

„Не се занимавајте со Американци, Германци, Турци и со сите други. Што да правам со Србите кои зборуваат различни глупости, да им кажуваат на Албанците и на Хрватите каде се погребани Албанци низ цела Србија“, изјави Дачиќ за српска телевизиска станица.

Дачиќ за прашањето за исчезнатите лица потврди дека е една од темите кои беа тема на дијалог меѓу Косово и Србија со посредство на Европската унија. Владата на Косово реагираше и изјавите на Дачиќ ги опиша како „скандалозни“. Официјално од косовската влада рекоа дека тврдењата на српскиот министер докажуваат дека официјален Белград, во текот на сите овие години, намерно ги прикрива злосторствата и ја држи во тајност локацијата на масовните гробници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот