Европол ги предупреди украинските бегалци: Внимавајте на трговијата со луѓе

Бегалци од Украина, Фото: EPA-EFE/ROMAN PILIPEY

Европол денеска предупреди на ризикот украинските бегалци да паднат во рацете на мрежите за трговија со луѓе во Европската унија, апелирајќи до земјите што ги примаат да бидат внимателни.

„Бројот на потенцијални жртви кои доаѓаат од Украина може да привлече изолирани агресори и опортунисти кои се претставуваат како добронамерни, како и криминални мрежи специјализирани за трговија со луѓе“, се вели во соопштението на Европската полициска агенција.

Граничните области, центрите за прифаќање и сместување бегалци и транспортните центри како што се железничките и автобуските станици се најмногу загрижувачки. Источна Европа е клучен извор на жртви на трговија со луѓе кои се експлоатирани низ Европската унија. Тоа е и регион од каде доаѓаат членови на многу криминални мрежи, потсетува Европол.

Повеќето луѓе кои бегаат од Украина се жени, деца и ранливи групи на луѓе кои лесно можат да станат жртви на сексуална експлоатација и принудна работа и да бидат принудени на криминал и питачење. Речиси 3,5 милиони луѓе ја напуштиле Украина од почетокот на руската инвазија, според податоците на Обединетите нации објавени денеска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот