Европа: Во повеќе земји почнува олеснувањето на рестриктивните мерки (ФОТО)

Во Земјите низ Европа се олеснуваат рестриктивните мерки воведени поради коронавирусот, со надеж дека тоа нема да доведе до втор бран на зараза.

Жени со заштитни маски пијат кафе во ресторан на отворено / 11 мај 2020 / Шпанија / EPA-EFE/JESUS DIGES

Во Франција денеска почнува наставата во основните училишта, но со мал број ученици, а ќе се отворат и продавници за облека, книжарници, фризерници и цвеќарници, додека рестораните, кината и баровите ќе останат затворени.

Париз, Франција / 11 мај 2020 / Фото: EPA-EFE/Julien de Rosa

Во Белгија денеска ќе бидат отворени повеќето од објектите, но со мерки за социјално дистанцирање, а рестораните, баровите и кафулињата ќе бидат затворени до понатамошно известување.

Брисел, Белгија / 11 мај 2020 / Фото: EPA-EFE/OLIVIER HOSLET

Во Холандија, основните училишта денеска делумно почнуваат со работа, а повторно ќе се отворат библиотеките, клиниките за физиотерапија, училиштата за обука на возачи и фризерските салони.

Парк Вондерланд, Амстредам, Холадина / 07 мај 2020 / Фото: EPA-EFE/KOEN VAN WEEL

Во Швајцарија продолжуваат часовите во основните и средните училишта, но со помал број ученици во одделение, а може да се отворат и ресторани, книжарници и музеи, но со одредени ограничувања.

Наставничката Корентин Гербер оддржува час во „Etablissement Primaire de l’ecole“  /11 мај 2020 / Морг, Швајцарија / Фото: EPA-EFE/LAURENT GILLIERON

Во некои делови на Шпанија, ќе биде дозволено собирање во групи до десет лица, а рестораните со простор на отворено ќе можат да служат клиентите со почитување на мерки за социјално дистанцирање.

Луѓе со маски седат на отворена тераса во Шпанија / 11 мај 2020 / Уренсе, Галиција, Шпанија/ Фото:EPA-EFE/Brais Lorenzo

Што се однесува до Велика Британија, еден дел од ограничувањата на движењето ќе биде олеснет оваа недела во Англија, но во другите делови на земјата ќе останат во сила порестриктивните мерки.

Луѓе го користат топлото време за да прошетаат и спортуваат во познатиот Гринвич Парк / Април 2020, Лондон, Велика Британија / Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Во Данска од денеска е дозволено повторно отворање на трговските центри, а во Полска хотелите можат да продолжат со работа од оваа недела, иако за странците се уште важи двонеделен карантин.

Вработен во продавница го подготвува дуќанот за потрошувачи / Колдинг Шопинг Центар, Колдинг, Данска / 11 мај 2020 / Фото: EPA-EFE/CLAUS FISKER DENMARK OUT

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот