Евро 2024: Начевски и Николов одлични, Шведска ја победи Португалија и дојде на чекор од полуфинале

Фото: EPA-EFE/FABIAN BIMMER

Репрезентацијата на Шведска ја задржа пол-позицијата за второто место во групата и пласманот во полуфиналето откако во директната пресметка беше подобра од Португалија со резултат 40:33.

Македонските судии Ѓорги Начевски и Славе Николов ја делеа правдата во овој важен натпревар и одлично си ја завршија работата. Првото полувреме помина во израмнета борба, а како клучен период се покажа завршицата од првиот дел во која Шведска од 15:14 дојде до 19:15, резултат со кој се замина на пауза.

Во второто полувреме Португалија најмногу што направи е што дојде до два гола негатива (21:19), но набрзо Швеѓаните повтроно го кренаа нивото на игра и ја вратија сигурната предност.

Одличен на голот на Шведска беше Тулин со 11 одбрани, додека Пелас со 10 и Клар со шест беа најефикасните. Во редовите на Португалија Мартин Кошта постигна осум гола.

Ако вечерва во последниот натпревар денес Норвешка не ја победи Данска, Шведска веќе ќе биде пласирана во полуфиналето.

Евро 2024: Словенија во ефикасен натпревар подобра од Холандија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот