Евертон не се шегува: По Ван де Бек и Лампард, доаѓа и Деле Али

Деле Али е првото засилување за Френк Лампард во Евертон/ фото: EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABAGALA

Неполн час откако го промовираше Френк Лампард да нов менаџер, управата на Евертон донесе уште едно екстра засилување, Деле Али од Тотенхем.

Деле Али во наредните неколку часа треба да ги помине лекарските прегледи и официјално да биде промовиран во нов фудбалер на Евертон. Иако се споменуваше позајмица, Али ќе потпише долгорочен договор со „карамелите“.

Англискиот репрезентативец сезонава одигра 18 натпревар за Тотенхем, беше стартер на само осум и запиша два гола и една асистенција., но и покрај тоа не го убеди Антонио Конте дека заслужува да остане во тимот од Лондон.

На последниот ден од зимскиот преоден рок, Евертон е еден од најактивните клубови и денескав веќе реализира три потписи. Прво беше ангажиран Дони ван де Бек од Манчестер јунајтед на шестмесечна позајмица, а потоа беше донесен и Френк Лампард за нов менаџер. Поранешниот фудбалер на Челси,  доаѓа на местото на Рафаел Бенитез кој доби отказ поради слабите резултати.

Во следните часови се очекува и Деле Али официјално да биде промовиран во нов играч на Евертон, додека не е исклучено до крајот на денот на „Гудисон парк“ на шестмесечна позајмица да пристигне и Лука Јовиќ од Реал Мадрид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот