Еве како се аплицира за Единствениот број за пазарот на труд во Отворен Балкан

Народ: Слободен печат/ Драган Митрески

„Слободен печат“ провери како функционира апликацијата. Идентификационен број успеавме да добиеме буквално за минутка. Но сепак, мора малку да се биде досетлив како да се стигне до самото аплицирање.

Веќе е во функција Идентификациониот број за Отворен Балкан со кој нашите граѓани може да работат и во Албанија и во Србија како да не се странски државјани. Истото важи и за државјаните на Албанија и на Србија кој може да дојдат на работа кај нас.

„Слободен печат“ провери како функционира апликацијата. Идентификационен број успеавме да добиеме буквално за минутка. Но сепак, мора малку да се биде досетлив како да се стигне до самото аплицирање.

 

Идентификационен број за Отворен Балкан
Фоото: Слободен печат

 

На порталот за електронски услуги uslugi.gov.mk, на празното поле до „Пребарај услуга“ внесете Отворен Балкан. Откако ќе ви се отвори Отворен Балкан пишува „аплицирај“, но тоа нема да ви овозможи аплицирање доколку не се регистрирате на Системот за единствена најава (СЕН), Тоа пак се прави така што под аплицирај се стиска полето „ниско ниво“. Откако ќе го стиснете ќе добиете упатство како да се регистрирате. Регистрацијата може да биде со постоечка корисничка сметка од УЈП; со валиден дигитален сертификат за електронски потпис; со лично присуство на шалтер, преку посредник; oнлајн со валидна e-mail адреса. Најголемиот дел од граѓаните се регистрирани во УЈП, па ние влеговме со таа адреса и веднаш се појави Потврдата за идентификациониот број за Отворен Балкан.

Трите држави создададоа единствена база на податоци за сите граѓани и сите слободни работни места. Националните служба за вработување се составен дел на тој голем систем.
Оние што ќе си најдат работа надвор од својата земја во рамките на Отворен Балкан, тамошното министерство за внатрешни работи во рок од две недели треба да им обезбеди електронска дозвола за престој. Сите други процедури за пријавување на вработен се како за домашен работник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот