Евакуација на Ал Шифа во Газа , остануваат околу 120 ранети, бебиња и лекари

Болница во Газа / Фото: EPA-EFE/MOHAMMED SABER

Стотици пациенти се евакуирани денеска од болницата „Ал Шифа“ во Појасот Газа, откако израелската армија даде рок од еден час за евакуација на најголемата медицинска установа на палестинската територија.

Според Министерството за здравство на Газа под контрола на Хамас, сепак, во болницата остануваат 120 ранети пациенти и неодреден број предвремено родени бебиња.

Претходно, претставници на болницата изјавија дека не може да се евакуираат 450 болни и ранети, поради што лекарите останале во болницата.

Израелската армија од своја страна прецизираше дека не издала наредба за евакуација на луѓето од болницата, туку го исполнила барањето на директорот на медицинската установа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот