Ева Мендез им ја „затвори“ устата на критичарите: Нема место во светот каде што повеќе би сакала да бидам од дома со мојот сакан

Instagram
Instagram

Холивудската актерка со кубански корени, која за многумина е една од најубавите жени во светот, но во јавноста ретко зборува за деталите од нејзиниот љубовен и семеен живот. Овој пат на сите им даде до знаење колку е среќна, сакана и исполнета.

Instagram
Instagram

Ева Мендез (46) е во брак со актерот Рајан Гослинг (39), нивната љубов се случила за време на снимањето на филмот „The Place Beyond The Pines“ пред десет години.

Сега тие имаат две ќерки Аманда (6) и Есмералда (4) и се навистина посветени родители. За разлика од многу други холивудски парови, тие биле практични родители кои сами се грижат за своите деца, без дадилки.

Тие вешто го кријат приватниот живот од медиумите, никогаш не даваат заеднички интервјуа и речиси никогаш не зборуваат за својата љубов.

Пред неколку дена Ева Мендез на својот Инстаграм профил објави стара фотографија од плажа, каде изгледа фантастично.

Instagram

„Оваа фотографија е направена пред 15 години. Оваа година не сум видела плажа, а годинава не сум ни трчала“, напишала Ева под фотографијата.

Многумина сфатиле дека причината за ова е фактот дека откако стана мајка Ева (46) кариерата веќе ѝ е во втор план. Таа се посветила на воспитувањето на своите ќерки, на улогата на мајка, домаќинка и добра сопруга.

Како реакција на оваа објава, следеле коментари дека Рајан треба почесто да ја носи на забави и патувања. Кратко потоа, Ева остро изреагирала на овие коментари.

„Не благодарам, добро сум и вака. Нема место во светот каде што повеќе би сакала да бидам од дома со мојот сакан“, напишала Ева.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот