Еуромакс: Бараме да работиме, ако не земјата тоа ќе ја чини многу

фото: Слободен печат

Иако Владата објави дека донела одлука за еднострано раскинување на договорот за концесија за потенцијалниот рудник за бакар и залато во Иловица, концесионерот „Еуромакс Рисорсис“ очекува да седне на преговарачка маса со претставниците од Владата и да најдат заеднилки јазик. Во спротивно, велат од „Еуромакс Рисорсис“ , тоа ќе ја чини државата многу затоа што  тие ќе ја бараат правдата пред домашните и меѓународните судови, искористувајќи ги сите правни лекови, поради тоа што веруваат дека имаат силен случај.

– Ние сме навистина разочарани од одлуката која ја донесе Владата, но сме  подготвени да преговараме. Сметаме дека ова е политичка одлука, поради тоа Владата ја донесоа пред да биде позната одлуката на Управниот суд за нашата претходна жалба. Доколку тоа не се случи, ќе мораме правдата да ја бараме на друго место. Нашата главна цел е да го довршиме проектот со највисоки стандарди, за кои нема да имаме компромис– рече главниот оперативен директор на „Еуромакс Рисорсис“, Патрик Форвард.

Тој брифираше дека навистина е чудно да се стопира толку голем проект од кој бенифит ќе имаат сите, државата, локалните самоуправи, населението, и секако компанијата. Компанија во изминатите години инвестирала 50 милиони евра во овој проект, а планот е да инвестира уште 340 милиони евра. Со проектот треба да се отворат 1,000 работни места во текот на изградбата, потоа 500 директни вработувања во текот на работењето и индиректни 1.700 вработувања во текот на работењето.

Од страна на концесионерот „Еуромакс Рисорсис“ е ангажирана адвокатската канцеларија „LANSKY, GANZGER & Partner“, а на брифингот присуствуваа Габриел Лански, кој се очекува да ја застапува компанијата на Меѓународниот суд во Вашингтон, како и Арлинд Зекири за судовите во Македонија.

– Практично Владата донела одлука пред да се произнесе судската власт. Постапката со заобиколување на судската власт е незамислива во едно демократско општество, особено со оглед на тоа дека Македонија неколку пати досега беше критикувана од Европската комисија за владеењето на правото -рече Лански.

Тој порача дека ова е силен случај кој има основа да ги исцрпи сите домашни и меѓународни правни лекови дури и да се поднесе до Европскиот суд за човекови права во Стразбур со оглед дека се прекршени голем број права на инвеститорите.

Како што е познато, месното население, но и многу невлдини организации протестираа против отворањето на рудниците затоа што сметат дека тие ќе бидат силен удар врз животната средина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот