Еурофарм Пелистер во драматична завршница поразен од ПИК Сегед во Битола

Фото: РК Еуеофарм Пелистер

Maкедонскиот шампион Еурофарм Пелистер го претрпе и осмиот пораз во исто толку натпревари во Лигата на шампионите. Во натпревар со неизвесна завршница ПИК Сегед си замина од Битола со победа од 27:28.

Унгарците на домашен терен во минатото коло беа многу подобар противник, но денес во Битола се играше изедначено во најголем дел од натпреварот.

Првата посериозно водство Пик Сегед го направи веднаш на почетокот кога по 2:2 со серија од 3:0 поведоа со 2:5. Но домаќините не се откажаа, брзо се вратија на „минус еден“. Во финишот од првите 30 минути гостите стигнаа до највисоките „плус четири“ (9:13), а на пауза се замина со 12:15.

Стартот на второто полувреме му припадна на македонскиот претставник кој кон средината на второто полувреме за првпат од оние 2:2 на почетокот го изедначи резултатот на 19:19.

Од тој момент, па се до крајот гледавме неизвесен натпревар, а на голот на Еурофарм Пелистер блескаше Калифа Гедбан кој во завршницата одбрани неколку тшки топки. Во последната минута од натпреварот се влезе со еден гол предност за унгарскиот претставник (26:27). Петровиќ во следниот напад изедначи на 27:27, но во последните секунди ПИК Сегед постигна гол за победа.

Филип Кузмановски за кого ова беше прв натпревар по враќањето во Битола одигра одлично и постигна пет гола, а најефикасен беше Урош Борзаш со шест гола. На спротивната страна Состариќ постигна седум.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот