Еурофарм Пелистер го „отпиша“ Алкалоид од трката за титулата

фото: RK Alkaloid

Еурофарм Пелистер во салата „Автокоманда“ освои важни бодови против Алкалоид во трката за шампионската титула во македонската ракометна Супер лига.

Играчите на Александар Јовиќ со минимален резултат 27:28 го совладаа составот предводен од Кирил Лазаров.

На пет секунди до крајот на средбата при нерешени 27:27 победничкиот гол за битолската екипа го постигна Данецот Хенеберг.

За Еурофарм Пелистер по шестипати во листата на стрелците се запишаа Хенеберг, Хосни и Василев, додека на спротивната страна по пет погодоци имаат Симоновски и Митев.

Сега повторно се израмнети на табелата Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер со по 27 бодови, а Алкалоид остана со 21 на третото место.

Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер имаат уште по пет натпревари до крајот на сезоната, меѓусебниот меч кој најверојатно ќе одлучи кој ќе ја освои титулата, ќе се игра на 7 мај во салата „Боро Чурлевски“ – Битола.

Супер лига: Вардар 1961 убедливо триумфираше над Охрид

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот