ЕСМ е подготвено веднаш да интервенира на мостот „Беласица“, но прво да завршат процедурите во Град Скопје

Репарација на мостот Беласица / Фото: Слободен печат - Методи Здравев

ЕСМ е подготвено да интервенира на мостот „Беласица“ во делот на топловодот, но се чекаат одредени дозволи од страна на Град Скопје, изјави министерот за економија Крешник Бектеши. Како што соопшти тој, граѓаните ќе имаат топлинска енергија почнувајќи од 15 октомври па се до крајот на грејната сезона.

ЕСМ е подготвена уште од утре да ја среди ситуацијата само чекаат одредени дозволи од страна на Град Скопје. Во моментот кога ќе ги имаат тие дозволи веќе утредента ќе почнат со работа во делот на средување на мостот за снабдување со топлинска енергија, рече Бектеши во одговор на новинарско прашање по посетата на подружницата на ЕВН Македонија во Бутел заедно со директорот на Бирото за метрологија, Авдуљ Сељам Селами.

Тој нагласи дека првично треба да се завршат процедурите во Град Скопје кои, како што рече, се неопходни согласно сознанијата кои ги имаат како Министерство за економија.

Но, најважно од се е дека граѓаните на Град Скопје ќе имаат топлинска енергија за време на зимата од 15 октомври, па до крајот на грејната сезона, потенцира Бектеши.

ЕСМ: Новите топловодни цевки на мостот „Беласица“ ќе се постават по добиена дозвола од Град Скопје

Од ЕСМ вчера изјавија дека опожарениот мост не е причина да се одложи почетокот на следната грејна сезона, која почнува во октомври 2023, и оти сите потрошувачи ќе имаат „сигурна и непрекината испорака на топлинска енергија“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот