Ескалираат протестите во Ира: Tројца демонстранти убиени од безбедносните сили

Ирачките власти денеска соопштија дека загинале тројца демонстранти, а 35 се повредени во судир со безбедносните сили во јужен Ирак.

Во Карбала вчера загинаа двајца демонстранти откако полицијата употреби боева муниција, а еден од демонстрантите почина од повреди од солзавец.

Демонстрациите се одржуваат во Багдад, и претежно во шиитски Ирак, во јужниот дел. Демонстрантите ја обвинуваат шиитската влада за корупција и се жалат на лошите јавни услуги и голема невработеност.

Најмалку 350 луѓе загинаа, а илјадници се повредени од почетокот на протестите во Ирак од први октомври, најголеми протести во модерната историја на Ирак.

Во Багдад синоќа истовремено одекнаа три експлозии во кои загинаа тројца, а повредени се повеќе од десет луѓе.

Демонстрантите и денеска ги блокираа патиштата меѓу Карбала и Багдад. Истата состојба е и во Басра, каде поради блокираните патишта е намалена трговската активност за 50 отсто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот