Ердоган им праќа помош на САД за борба со пандемијата од коронавирусот

Турскиот претседател најави дека наскоро ќе биде објавен план за враќање во нормалниот живот.

Турција ќе испрати помош во САД во медицинска опрема, вклучувајќи и заштитна облека и маски, за да помогне во сузбивањето на пандемијата од коронавирус, најави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Ердоган додаде дека од петок 1.мај во 31 турски град на сила ќе биде тридневен карантин и дека примената на таквите мерки во текот на викендот ќе продолжи до Рамазан Бајрам на крајот од мај, пренесува Ројтерс.

Тој најави дека наскоро ќе биде објавен план за враќање во нормалниот живот.

Турција е земја со најмногу заразени од коронавирус надвор од САД и Западна Европа, а според последните информации на сајтот Ворлдметерс 110.130 лица се заболени, а 2.805 починаа.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот