Ердоган: Грците се исплашени поради турската ракета Тајфун

epa09847078 Turkish President Recep Tayyip Erdogan gives a press conference at the end of a Group of Seven (G7) Leaders meeting at the Alliance headquarters in Brussels, Belgium, 24 March 2022. EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека неодамнешното тестирање на турска балистичка ракета ја исплаши Атина, потенцирајќи дека Анкара нема да седи со скрстени раце доколку Грција продолжи да ги милитаризира своите острови во Егејското Море.

„Сега почнавме да ги правиме нашите ракети, а оваа продукција ги исплаши Грците. Велите Тајфун, а тие се плашат, велат дека може да ја погоди Атина. Да, секако дека може да ја погоди. Ако не останете смирени, ако се обидете да го поставите оружјето што го добивте од САД на островите, ќе мора да реагираме“, предупреди Ердоган, пренесува Анадолија.

Тој додаде дека земја како Турција сигурно нема да седи со „скрстени раце“ и дека „ќе мора да направи нешто“.

Турција во октомври тестираше балистичка ракета со краток дострел од домашно производство „Тајфун“ над Црното Море, која, како што беше најавено, може да погоди цел на растојание од 560 километри за 456 секунди.

Анкара е вознемирена од, како што го опишува, зголеменото трупање на грчката армија на островите во близина на нејзиниот брег, но и од воената поддршка што Грција ја добива од САД, според Анадолија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот