Ердоган доаѓа во Сараево, Додик го прекинува бојкотот на Претседателството на БиХ

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган неделава ќе ја посети Босна и Херцеговина. Ердоган ќе сотвари средба со локалните политичари.

Денис Хаџовиќ, шеф на кабинетот на министерката за надворешни работи на БиХ, Бисера Турковиќ, за „Дневни аваз“ изјави дека Ердоган ќе пристигне в четврток, по што во петок ќе следи официјална средба со сите тројца членови на претседателството на БиХ.

Се уште нема официјална потврда од кругови блиски до српскиот член на претседателството Милорад Додик дека тој ќе присуствува на средбата со Ердоган.

Но како што објавија дел од медиумите Додик веќе најавил дека ќе дојде во Сараево и ќе стави крај на неговата блокада на државниот врв, бидејќи, според истите наводи, му е многу важна средбата со Ердоган.

Медиумите потсетуваат на неодамнешните изјави на Додик кој често го фали Ердоган и начинот на кој Ердоган ја води Турција.

Додик изминатиот период не присуствуваше на државни самити и не комуницираше со останатите двајца членови на претседателството на БиХ

Од почетокот на август, парламентот на Република Српска донесе одлука да не им се дозволи на службеници од ентитетот да учествуваат во претседателството на БиХ, советот на министри и државниот парламент додека амандманите не бидат поништени. Кривичниот законик, воведен од поранешниот висок претставник Валентин Инцко кон крајот на јули, стана кривично дело за негирање воени злосторства.

Дел од медиумите претходно објавија дека доаѓањето на Ердоган во БиХ е поврзано со фактот дека ќерката на Бакир Изетбеговиќ Јасмина се мажи оваа недела
.

Турскиот претседател наводно е еден од гостите на венчавката. Пред пет години, Изетбеговиќ и неговата сопруга Себија беа меѓу гостите на венчавката на помладата ќерка на Ердоган Сумеја во Истанбул.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот