Епидемија на морбили во кантонот Сараево

Во кантонот Сараево во Босна и Херцеговина е прогласена епидемија на заразна болест морбили, објавено е во Службен весник на Федерацијата Босна и Херцеговина. Во документот се наведени мерките што ќе се преземат за сузбивање на епидемијата.

Според соопштението, за време на траењето на епидемијата ќе се спроведуваат мерките предвидени со Законот за заштита на населението од заразни болести.

Мерките вклучуваат едукација за превенција од заразни болести, рано откривање на изворот на инфекцијата и начините на пренесување, пријавување и изолирање на болните, хоспитализација и лекување, како и зголемена имунизација на децата, пренесува Klix.ba.

Ова не е првпат во Босна и Херцеговина да се прогласува епидемија на морбили, со оглед на тоа дека претходно беше прогласена во Тузла и Бјелина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот