ЕП 2020, Стојановиќ: Првиот меч со Украина е важен, да бидеме во победничка атмосфера!

Фото: РФМ

Нашиот поранешен репрезентативец вели дека за пласман во главната фаза клучна ќе биде пресметката против чешката селекција.

Најдобрата македонска машка ракометна репрезентација денеска од 20.30 часот против Украина ќе го има првиот натпревар на Европското првенство, а претходно од 18.15 часот домаќинот Австрија игра со Чешка.

Во четвртокот и официјално стартуваше ЕП, своите први победи ги имаа селекциите на Белорусија, Германија, Хрватска и Шпанија.

Раде Стојановиќ, екс играч на Металург, Борец, Вардар, Пелистер, Зомимак, Бен Херзлиај (Израел), Драмен (Норвешка), нашиот поранешен репрезентативец вели дека ќе биде многу битно да се започне со два бода во Виена.

– Мислам дека првиот натпревар против Украина е важен за кревање на една добра атмосфера, да се отвори евро шампионатот со победа. За вториот меч од групата ќе знаеме како тактички да се подготвиме против селекцијата на Чешка, затоа што таа веќе ќе го има одиграно дуелот со Австрија.

Против Чесите ќе можеме подобро да се спремиме за нив, според мене тој ни е најважен натпревар во рамките од „Б“ групата. На тој начин со две победи во последното трето коло против Австрија, иако е домаќин, може да се надеваме и на трет триумф.

За вториот дел, односно главната фаза од првенството не би коментирал, бидејќи сè ќе зависи од овие три почетни средби во прелиминарната групна фаза. Може само да напоменеме дека вкрстувањето со другите групи зависно со колку бода ќе поминеме, може да би донесе висок пласман – ни изјави Стојановиќ.

Првопласираните две репрезентации ќе одат во главната фаза, а таму групата „Б“ вкрстува со групата „А“ (Хрватска, Белорусија, Црна Гора, Србија) и групата „Ц“ (Шпанија, Германија, Летонија, Холандија).

Во текот на вчерашниот ден селекторот Данило Брестовац го одреде списокот на играчи пресметката со Украинците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот