Нова промена на планот, отпадна Томовски, а останува Крстевски

фото: РФМ

Иако првичните најави беа дека Горан Крстевски нема да биде меѓу 16. ракометари кои ќе настапат против Украина утревечер, сепак на крајот отпадна голманот на Лудвигсхафен, Мартин Томовски. Брестовац одлучи на првиот натпревар на ЕП да има само двајца голмани, Борко Ристовски и Никола Митревски.

Македонија ќе на натпреварот против Украина ќе настапи во следниот состав: Борко Ристовски, Никола Митревски, Дејан Манасков, Бојан Маџовски, Марко Мишевски, Горан Крстевски, Филип Талески, Филип Кузмановски, Марио Танкоски, Кире Лазаров, Мартин Велкоски, Гоце Георгиевски, Мартин Поповски, Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Никола Маркоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот