Ен Хатавеј искрено: Некогаш бев проблематична како Линзи Лохан!

Profimedia

Прекрасната Ен Хатавеј открила дека била многу слична на проблематичната актерка Линзи Лохан, која поради низата законски проблеми повеќе пати беше на рехабилитација и во затвор, но дека била доволно среќна да ги надмине грешките во приватниот живот.

Profimedia

„Линзи и јас имавме многу повеќе сличности отколку што мислат луѓето. Сите во животот сме правеле погрешни работи, само работата е во тоа што јас ги правев на факултет, кога никој не знаеше која сум. Не сум светец. Го трошев времето правејќи деструктивни работи за себе“, раскажала Ен.

Поранешното момче на познатата актерка, Рафаело Фолиери бил уапсен во 2008 година и потоа осуден за измама, а 37-годишната актерка, која од 2012 година е мажена за колегата Адам Шулман, вели дека искуството ја научило да ја задржи смислата за хумор во борбата со катастрофите.

Profimedia

„Се трудам животот да го држам во приватност, посебно после тоа што ми се случи. Како што реков, морам да ја задржам смислата за хумор“, изјавила актерката за Sun.

„Таа е најбитна. Бев во низа непријатни ситуации низ животот, а само смислата за хумор ми помогна

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот