Елмас: Мора да ја поправиме реализацијата против Гибралтар

фото: EPA-EFE/JOSE COELHO

Фудбалерот на Наполи, Елиф Елмас очекува фудбалската репрезентација на Македонија утре да ја запише првата победа во новото издание во Лигата на нации.

По ремито од 1:1 во Разград против Бугарија во првото коло, „црвено-жолтите“ утре играат на гости против Гибралтар. Освен победа, Елмас очекува да се поправи и реализацијата во однос на првиот натпревар против Бугарија кога избраниците на селекторот Благоја Милевски доминираа во текот на сите 90 минути, но постигнаа само еден гол.

„Ние и на првото гостување тука, тешко дојдовме до победата, така што и сега нема да ни биде лесно. Гибралтар игра добро, но дојдовме да победиме и за тоа ќе мора да одиграме максимално, не смее да експериментираме. Треба да одиграме како што треба и да ги освоиме трите бода. Против Бугарија ни недостигаше реализација, промашивме низа шанси и сега таа реализација треба да ни биде на ниво. И не само утре, туку и на следните два натпревари“, рече Елмас.

Натпреварот што ќе се игра на вештачка трева на стадионот „Викторија“.

„Вештачката трева е мал проблем, но како и да е мора да играме и да победиме. Мора да дадеме 100 отсто иако се чувствуваше мал замор кај сите кога се собравме. Сепак, на нас е да дадеме максимум, а мислам дека утре ќе одиграме далеку подобро.“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот