Актерката Елизабет Харли (55) е во завидна форма. Таа постојано објавува фотографии од бикини, но сега отиде чекор подалеку. Таа го соблече градникот и го покажа затегнатото тело, а луѓето веднаш го приметија нејзиниот неверојатен изглед.

„Имаш 55 години, а подобра си од многу 19-годишни девојки“, бил само еден од коментарите на обожавателите.
Елизабет води сметка за исхраната и бира органски и свежи намирници.
„Секогаш јадам храна одгледана во околните фарми. Тоа се однесува и на месото и зеленчукот“, рекла за The Cut.
Актерката и самата има градина во која сади овошје и зеленчук, а тренира обработувајќи го.
„Не вежбам, но сум активна, особено во градината“, додала.